Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде еден степен, а во текот на денот ќе се искачи до 10 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на некои места ќе засилува, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус два до четири степени, а во текот на денот од 10 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде еден степен, а во текот на денот ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.
За утре, од УХМР, најавуваат дека ќе има променливо облачно време, а во попладневните часови и во текот на ноќта че има врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. Само на највисоките планински врвови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Во Скопје, и утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде од два до 16 Целзиусови степени.