За утре се најавува облачно време со повремен локален дожд, особено во југозападните делови од земјата

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 5, а дневната ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје, денеска ќе има променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
За утре синоптичарите најавуваат облачно време со повремен локален дожд, особено во југозападните делови од земјата. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 7 до 13 степени.