За време на претстојниот викенд се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планите снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне по одредени котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени Целзиусови“,
прогнозираат синоптичарите.
Во Скопје утрото ќе биде магливо и облачно, а преку денот ќе биде облачно и тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени“,
велат од УХМР.
До крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. За време на претстојниот викенд се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планите снег.