Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно и магливо, температурата наутро ќе биде -1, а во текот на денот ќе се искачи до 11 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а ќе дува и слаб јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
По одделни котлини, и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер.
Температурата денеска ќе биде од -3 до 3 степени, а во текот на денот од 8 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје температурата наутро ќе биде -1, а во текот на денот ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Утре, времетоќе биде променливо облачно, по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, а ќе дува и слаб претежно западен ветер. Во Скопје наутро ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно и магливо со слаб променлив ветер. Утрешната температура ќе биде од -3 до 14 степени, а во Скопје -1 до 11 Целзиусови степени.