И за утре синоптичарите најавуваат променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Локално, се вели во прогнозата, ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд кога за кратко време ќе наврне над 15 литри на метар квадратен, а ќе има и појава на грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе биде од 1 до 9 Целзиусови степени, а во текот на денот од 8 до 18 степени.
Во Скопје денеска ќе има променливо облачно време со повремен дожд. Во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 8 Целзиусови степени наутро до 17 степени во текот на денот.
И за утре синоптичарите најавуваат променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а се очекува да има и услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд , појава на грмежи и засилен ветер.