Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со појава на грмежи и ветер со над 70 километри на час
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрoметеоролошки работи (УХМР).
На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на грмежи и силен ветер.
Минималната темпeратура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени, а максималната од 13 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 18 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со појава на грмежи и ветер со над 70 километри на час.