До крајот на неделата се очекува да се задржи стабилно, сончево и топло време
Сончево и топло време ќе преовладува во претпадневните часови, додека во попладневните и вечерните часови во некои делови од државата се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Локално се можни поинтензивни невремиња проследени со засилен ветер и град.
„Утринските температури ќе се движат од 15 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност.
Во вечерните часови во делови од главниот град се очекува пороен дожд и грмежи.
„Максималната температура ќе биде околу 20 степени, а максималната ќе достигне 38 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
До крајот на неделата се очекува да се задржи стабилно, сончево и топло време.
