Според најавите на УХМР, од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени грмежи од дожд
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.
Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса, врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка
Ова го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, додавајќи дека минималната температура ќе биде од 4 до 13 степени, а максималнара ќе достигне од 21 до 28 степени Цензиусови.
„Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб доумерен ветер од јужен правец. Минималната тепература ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени“,
велат од УХМР.
Според најавите на УХМР, од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени грмежи од дожд.
„Утре и в четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер со над 70 километри на час, во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса, врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер“,
информираат од УХМР.