Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла, која во средината на денот ќе се намали. Температурите ќе се движат од -1 до 9 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 Целзиусови степени, а максималните од 4 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла, која во средината на денот ќе се намали. Температурите ќе се движат од -1 до 9 Целзиусови степени.
Утре нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди особено од пладневните часови и со слаб променлив ветер.