Според УХМР, дури од петок може да се очекува стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Попладне на одредени места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
И во Скопје времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 15 степени.
Според УХМР, нестабилно време со повремени врнежи од дожд ќе биде присутно до четврток.
Дури од петок може да се очекува стабилизирање на времето.