Од УХМР велат дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. За сабота се очекува преодно стабилизирање на времето, а в недела се најавуваат нови врнежи од дожд

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен северен ветер.
Попладне и во вечерните часови на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи кое локално ќе биде во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд кога за кратко време ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар, а ќе има и засилен ветер. Температурата наутро ќе биде од 2 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 6 до 18 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 10 степени наутро до 16 во текот на денот.
И за утре се најавува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура утре ќе биде од 12 до 19 степени.
Како што информираат од УХМР до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. За сабота се очекува преодно стабилизирање на времето, а в недела се најавуваат нови врнежи од дожд.