Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а температурата ќе биде до 8 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат обилни и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата денеска ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а температурата ќе биде до 8 Целзиусови степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Од УХМР велат дека ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а попладне ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.