Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде нула степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите на некои места ќе бидат пообилни, особено во западните делови, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На планините, додаваат од УХМР, се очекува да се формира значителна снежна покривка која ќе биде и над 30 сантиметри, а во пониските места од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Температурата наутро ќе биде од минус 6 до 4 степени, а во текот на денот од минус 2 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде нула степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.
За утре, во прогнозата на УХМР се најавува дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено, а во претпладневните часови со локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, синоптичарите најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре наутро ќе биде од минус 10 до нула степени, а во текот на денот од минус 3 до 6 Целзиусови степени.