Утре ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, a на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, a на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.