Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде 31 Целзиусов степен
Времето денескка ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град, информираат од УХМР.
Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. Максималните температури ќе се движат во интервал од 22 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде 31 Целзиусов степен.
И утре времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Локално, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд.