Прогнозата на синоптичарите вели дека нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, поради што, според нив, времето ќе биде сончево и натпросечно топло
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, а темпаратурите ќе достигнат до 40 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9“,
велат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончецво и многу топло, со максимални теператури до 40 степени.
Прогнозата на синоптичарите вели дека нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, поради што, според нив, времето ќе биде сончево и натпросечно топло.
„Во недела, пак, ќе има услови за локална појава на пороен дозд, грмежи и засилен ветер“,
велат од УХМР.