„Во Скопје ќе биде облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени“, информира УХМР
Времето денееска ќе биде облачно. Наутро ќе биде магливо, особено по котлините, а попладне и во вечерните часови на пониските места ќе врне дожд, а на повисоките планински места ќе паѓа снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени, а максималната од 6 до 13 степени.
„Во Скопје ќе биде облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени“,
информира УХМР.
И следните денови времето ќе биде слично на денешното, односно ќе се задржи облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките места ќе има снег.