Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен, информираат од Управата за хидометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде е измерен еден степен, како и во Лазарополе со измерени два степени, Берово и Крушево три и Маврови Анови четири. Највисока е температурата во Струмица и Гевгелија каде се измерени 13 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во утринските часови температурата, во одредени делови од земјата, ќе се спушти под нула степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 25 степени Целзиусови, информираат од УХМР.
