Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со појава на магла и ниска облачност. Миаксималната температура ќе се достигне до 7 степени. Следните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со повисоки дневни температури, особено утре. По одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо со пониски дневни температури.
Утрово најстудено со измерена температура од -5 степени Целзиусови беше во Петровец и Берово, -4 во Битола и Струмица, -3 во Скопје, Тетово, Штип и Демир Капија, -2 во Гевгелија, Куманово и Лазарополе, -1 во Крива Паланка и Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Крушево и Дојран, 2 во Маврови Анови и Виница и 3 степени на Попова Шапка.