Времето во текот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе биде во интервал од 14 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.
Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.
За љубителите на зимата и нејзините убавини од УХМР информираат дека висината на снежната покривка на Попова Шапка е 33 сантиметри. Утрово во Маврови Анови се измерени 11 сантиметри, а во Лазарополе пет.