Утре се очекува да има повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе се спушти за неколку степени. Во недела, пак, ќе преовладува стабилно време со магла по котлините
Променливо облачно и ветровито време најавуваат за денеска од УХМР. Ветерот ќе биде умерен, а долж Повардарието и засилен со што ќе достигне брзина и над 60 километри на час.
Попладне и во текот на ноќта, пак, ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.
Утринските температури ќе бидат од 1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе се движат од 12 до 18.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Утре (сабота) се очекува да има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.