Максималната температура денеска ќе достигне до 13 степени, а во Скопје до 9 степени
Времето во земјава денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне се очекува облачноста да се намали, најавува УХМР. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, исто така, претпладне ќе биде облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови, како што соопштува УХМР, следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.