Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 22 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 22 степени.
Според УХМР, од утре (понеделник) следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
Најниска температура од -3 степени утрово е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 6 степени Целзиусови. Во Лазарополе е регистрирана температура од -2 стпепени, -1 се измерени на Попова Шапка и во Маврови Анови, 0 беше во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Битола, 1 степен во Тетово, Велес и Претор, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Штип, Прилеп и Крушево, 3 во Струмица, Кавадарци и Виница, а 4 степени се измерени во Демир Капија.