СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување
Вработени во Управата за водење матични книги и во Министерството за внатрешни работи издавале и поднесувале изводи за лица што не се присутни во државата, односно примале барања за државјанство за лица што не се присутни лично, со што направиле злоупотреба на службената положба и овластување, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, Општина Чашка, дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
„А. Б., вработен во Управата за водење на матични книги издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица што не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица што сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин е оштетен државниот буџет“,
се вели во соопштението од МВР.
Оттаму велат дека А. С., пак, како вработена на местото советник за државјанства во МВР примала документи, како барања за прием во државјанство за лица што бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство.
„Таа ја примала целата документација, што претходно била доставувана кај првопријавениот, кој ја доставувал кај неа“,
информираат од полицијата.