Освен вработениот, со кривична пријава ќе се соочат и триесетгодишниот скопјанец Б.Х. и скопјанката Ш.Х. (29) поради тоа што ја употребиле исправата со невистинита содржина
Триесет и двегодишен скопјанец, вработен во Подрачно одделение за матично работење – Управа за водење матични книги ќе биде кривично гонет затоа што издал Извод од матична книга на родените за малолетно дете, а во него внел податоци за друго малолетно дете.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вработениот ова го направил без претходно примено писмено барање, но и без уплатена административна такса за издавање на изводот. Освен тој, со кривична пријава ќе се соочат и триесетгодишниот скопјанец Б.Х. и скопјанката Ш.Х.(29) поради тоа што ја употребиле исправата со невистинита содржина.
Пријавениот, како што информираат од Министерството, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 4 ноември минатата година, издал извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.
„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје“,
се вели во соопштението од МВР.