„Возачот е приведен и се истражуваат причините и начинот на судирот“, соопшти портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми социјалната мрежа Икс
Еден човек е уапсен откако со своето возило удрил во надворешната порта пред комплексот на Белата куќа, соопшти американската тајна служба. Инцидентот се случил во понеделникот во 18 часот по локално време кога американскиот претседател Џозеф Бајден не бил во Белата куќа.

„Возачот е приведен и се истражуваат причините и начинот на судирот“,
соопшти портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми социјалната мрежа Икс.
Нема информации за повредени лица во инцидентот.
За време на ударот во портата на Белата куќа американскиот претседател бил на пат од Јужна Каролина до Тексас.
Инцидентот ги затвори патиштата источно од Белата куќа во центарот на Вашингтон.