Возачот е пренесен во градската општа болница „8 Септември“ каде што му се укажува лекарска помош, информира Министерството за внатрешни работи
Возило излетало од пат, ја пробило заштитната ограда на мостот „Мајка Тереза“ и завршило во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.
Како што информира полицијата, настанот се случил денеска наутро околу 7:23 часот. Со возилото управувал 32-годишен возач со иницијали В. К.
Возачот е пренесен во градската општа болница „8 Септември“ каде што му се укажува лекарска помош.
Еве ја изворно полициската информација за инцидентот:
„На 24.08.2024 во 07:23 часот во СВР Скопје е пријавено дека патничко моторно возило ‘киа’ со скопски регистарски таблички, управувано од В. К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот ‘Мајка Тереза’ и паднало во реката Вардар. В. К. е пренесен во ГОБ ‘8-ми Септември’ за укажување на помош“,
соопшти полицијата.