Хрватски суд одреди мерка притвор од еден месец за возачот на автобусот од Косово што излета од патот во Хрватска при што загинаа 10 лица.
Фрањо Копуниќ, заменик државен правобранител, рече дека истражниот притвор е одреден поради „можноста за напуштање на Република Хрватска“.

„Судијата одреди мерка притвор еден месец поради можноста да избега од Република Хрватска. Сега ќе биде испратен во затвор за еден месец како што е по закон. Денес беше донесена само одлука за притвор, не беа презентирани докази“,
рече заменик-државниот обвинител Фрањо Копунич
Адвокатот на шоферот на автобусот, Игор Цишпер, рече дека неговиот клиент во ниту еден момент не признал дека заспал додека управувал со автобусот, како што пренесоа хрватските медиуми.
„Имав можност кратко да разговарам со него, тој жали за она што се случи. Ќе видиме што ќе се случи понатаму “
рече Цишпер.
Истажниот судија, Миле Солдо, рече дека на обвинетиот му одредил мерка притвор затоа што договорот за соработка меѓу Хрватска и Косово не предвидува екстрадиција на сопствените државјани за гонење.

„Тоа е посебната причина зошто судот донесе таква одлука во за обвинетиот во претходна постапка. Постапката ќе се спроведе во Република Хрватска. Според тој договор, постои можност постапката да се спроведе на Косово, но за таквата одлука е потребна согласност од двете држави“,
рече Солдо.