Оттаму засега не откриваат повеќе детали за случајот, односно дали станува збор за актуелни или поранешни службени лица и во која институција или државна компанија се или биле вработени. Според информациите, акцијата и претресите што се вршат на повеќе локации сè уште се во тек
Инаку, дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално објавија дека едно од приведените лица е поранешна директорка за финансии во „Државна лотарија“
Две лица се приведени, а се вршат претреси на повеќе локации во рамки на акција што денеска ја спроведува Управата за финансиска полиција против службени лица за кои постојат основани на сомнение дека сториле кривични дела со кои проневериле околу 1,3 милион евра од државниот буџет.

Акцијата се спроведува по издадени наредби од судија на претходна постапка и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, соопштиле од Финансиската полиција за МИА.
„Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на кривични дела од областа на финансискиот криминал за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери и со кои се проневерени буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари. Во рамки на акцијата, а во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, лишени од слобода се две лица“,
велат од Управата за финансиска полиција.
Оттаму засега не откриваат повеќе детали за случајот, односно дали станува збор за актуелни или поранешни службени лица и во која институција или државна компанија се или биле вработени. Според информациите, акцијата и претресите сè уште се во тек.
Инаку, дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално објавија дека едно од приведените лица е поранешна директорка за финансии во „Државна лотарија“.
Според информациите на телевизија Сител, сумата од околу 80 милиони денари, или 1,3 милион евра биле проневерени во периодот додека генерален директор на државното акционерско друштво бил Перпарим Бајрами, кој е првообвинет во случајот „Државна лотарија“ за кој во моментов се води судски процес.
Покрај него во предметот е обвинет и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште пет лица се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, во врска со противзаконска набавка на видеолотариски терминали за приредување електронски игри на среќа.
Сепак, засега нема потврда дали денешната акција на скопското Основно јавно обвинителство и Финансиската полиција е поврзана со овој предмет или станува збор за посебен случај.
