Најмногу проблеми со снегот, според РТС, има во Нова Варош, каде што е во сила вонредна состојба. Околу 1 500 домаќинства таму се без струја трет ден по ред, а санацијата на дефектите се очекува да заврши денеска. Во самиот град наврнале околу 30 сантиметри снег, а во селата дури 80 сантиметри. На територијата на Општина Црна Трава, каде што од денеска е прогласена вонредна состојба, висината на снежната покривка достигнала меѓу 80 сантиметри и еден метар
Обилните врнежи од снег кои викендов го зафатија регионот предизвикале проблеми во неколку града и населени места на територијата на Србија, во кои во дел е прогласена вонредна состојба, пренесува српските медиуми.
Според извештаите на српскиот национален сервис, вонредна состојба од вчера е прогласена во Ивањица, Бабушница, Нова Варош, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава, планинска населба и истоимена општина на југот на Србија.
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, соопштило дека патиштата од прв и втор приоритет се проодни, но на дел од нив и понатаму има до 10 сантиметри снег.
Непроодни се патиштата во Црна Трава, Сјеница, Тутин и Бабушница, додека приодите кон зимските туристички центри во Србија се отворени за сообраќај.
Општина Сврљиг и 38 нејзини села во саботата останаа без електрична енергија откако поради тежината на снегот повеќе стебла од дрвја паднале и ги искинале каблите на далноводите и нисконапонската мрежа на повеќе места.
Околу половина од потрошувачите во оваа општина добиле струја, а преостанатите се очекува до крајот на денот или утре повторно да имаат редовно снабдување со електрична енергија.
Најмногу проблеми со снегот, според РТС, има во Нова Варош, каде што е во сила вонредна состојба. Околу 1 500 домаќинства таму се без струја трет ден по ред, а санацијата на дефектите се очекува да заврши денеска.
Во самиот град наврнале околу 30 сантиметри снег, а во селата дури 80 сантиметри.
Без струја се и околу 1 000 домаќинства во Пријепоље и Прибој.
Sneg okovao delove Srbije: Pola metra belog prekrivača raduje decu, ali ne i meštane https://t.co/gPbYfqXUyU
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 26, 2023
На територијата на општината Црна Трава, каде што од денеска е прогласена вонредна состојба, висината на снежната покривка достигнала меѓу 80 сантиметри и еден метар.
„Сите маала се целосно покриени со снег, ниту еден пат не е прооден. Почнуваме да ги расчистуваме патиштата, но тоа нема да можеме да го направиме во наредната недела дена бидејќи немаме доволно механизација“,
вели командирот на штабот за вонредни ситуации, Славољуб Благојевиќ.
Околу 200 жители во две месни заедници во оваа општина, а училиштата во уште неколку од нив нема да работат во наредните два дена.
„Во самата Црна Трава е редовно, проблем се месните заедници, а најголем дел од жителите живеат во месните заедници. 600 жители се отсечени. Ќе ни требаат најмалку десет дена да стигнеме до сите“,
вели Благојевиќ.
Помошник-началникот на Дирекцијата за противпожарна и спасувачка единица на Секторот за вонредни состојби на српското МВР, Милош Миленковиќ, во гостување во утринската програма на РТС рекол дека сè уште има помали тешкотии во сообраќајот во општините Сјеница, Тутин и Бабушница, каде што екипи работат на расчистување на патните правци.
„Ситуацијата се смирува, но сè уште сме во целосна готовност и подготвени да реагираме“,
вели Миленковиќ.
Тој посочил дека претходните два дена имале вкупно 31 интервенција на територијата на целата држава. Евакуирани биле 30 лица, а спасени 17 и посочуваат дека во текот на претходните два дена имале вкупно 31 интервенција на територијата на целата држава, како и дека евакуирани се 30, а спасени 17 лица.