И во Хрватска се зголемува бројката на заразени, така што во последните 24 часа има 457 нови случаи
Хрватската армија денеска почнаа да поставува шатори за тријажа пред Клиничкиот болнички центар во во Загреб, јавуваат тамошните медиуми.
Шаторите, како што соопштија од хрватското Министерство за одбрана, се поставени за да и помогнат на локалната заедница и на институциите на граѓанското општество во борбата против епидемијата на ковид-19.
Три големи шатори со греење ќе бидат поставени пред зградата на Клиничкиот центар.
Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се поставени шатори пред шест болници во земјата.
Бројот на новоинфицирани лица се зголемува во Хрватска во последните неколку недели, а во изминатите 24 часа има 457 нови инфекции, од кои 161 се во Загреб плус тројца починати.