Шефот на Светската банка, Дејвид Малпас, вели дека многу европски земји сè уште се премногу зависни од руските енергенти, а додава дека потезите на Русија за намалување на испораките на гас може да предизвикаат значително забавување во регионот. Самата идеја за двојно зголемување на цените на егергентите, пак, Малпас ја смета за доволна за да предизвика рецесија
Руската инвазија врз Украина може да доведе до глобална рецесија бидејќи цените на храната, енергентите и вештачките ѓубрива растат, предупреди шефот на Светската банка, Дејвид Малпас.
На настан организиран од Американската стопанска комора, Малпас рече дека германската економија која е четврта по големина во светот, веќе е значително забавена поради порастот на цените на енергентите, а дека падот на производството на вештачки ѓубрива може да ја влоши ситуацијата во другите делови на светот.
„Гледајќи го глобалниот бруто-домашен производ, тешко е да се каже како можеме да избегнеме рецесија“,
рече Малпас, но не даде подетална прогноза.
Тој рече дека се очекува значително намалување на економиите на Украина и Русија, додека Европа, Кина и САД ќе доживеат забавување на економскиот раст.
Малпас вели дека многу европски земји сè уште се премногу зависни од руските енергенти, а додава дека потезите на Русија за намалување на испораките на гас може да предизвикаат значително забавување во регионот.
„Самата идеја за двојно зголемување на цените на енергијата е доволна за да предизвика рецесија“,
рече Малпас.
Минатиот месец, Светската банка го намали проектираниот глобален економски раст на 3,2 отсто од 4,1 отсто поради воената акција на Русија во Украина.