Од Министерството за одбрана информираа дека прелетите на воздухополовите ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија
Со два воени воздухоплови од типот „Б-52“, денеска во 14:35 часот, воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје
Од Министерството за одбрана информираа дека прелетите на воздухополовите ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
Оттаму посочуваат оти воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО.
„Погледнете нагоре! Денеска во 14:30 часот во Скопје ќе има нисковисински прелет на два „Б-52“ авиони. Целта на прелетот е да ја покаже посветеноста и уверувањето на САД кон НАТО-сојузниците и партнерите на Балканот“,
се наведува во Твитер-објавата на Американската амбасада во земјава.