Следете го новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1, во кое разговараме со Гордана Јанкулоска, ексминистерка за внатрешни работи, која е на отслужување на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Интервјуто го снимивме за време на последното законски дозволено отсуство на Јанкулоска од „Идризово“, на што има право од пред само два месеца. Таа е поранешна блиска соработничка на Никола Груевски, која речиси девет години беше министерка за внатрешни работи во неговите влади – од август 2006 г. до мај 2015 г. Разговараме на повеќе теми од јавен интерес.