Во изминатото деноноќие во ковид-центрите во Скопје се направени 13 нови приеми, и тоа осум пациенти во ГОБ „8 Септември“, еден на интерните и хируршки клиники и четворица на Инфективната клиника. Вкупно се лекуваат 748 пациенти со ковид во сите ковид-центри низ земјава, а слободни има околу 920 болнички кревети.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 48 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 58 ковид-пациенти“,
информира Министерството за здравство.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 34, во ковид-центарот во Гостивар 13, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 9, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,
велат од Министерството за здравство.