Во Ватикан пристигнуваат пораки со сочувство по повод смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти кој почина денeска на 96-годишна возраст.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш изрази сочувство по смртта на поранешниот папа.
„Го паметиме папата Бенедикт како скромен човек на молитва и проучување“,
рече Гутереш денеска.
Тој нагласи дека покојниот папа бил „принципиелен во својата вера, неуморен во потрагата по мир и решителен во одбраната на човековите права“.
Сочувство изразија и францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Макрон на Твитер се сеќава на Бенедикт како шампион за „побратски свет“ и истакна дека неговите мисли се „со католиците во Франција и низ целиот свет“ кои се во жалост.
Фон дер Лајен, исто така, на Твитер изрази сочувство.
„Тој даде силен сигнал преку неговата оставка. Тој се виде себеси прво како слуга на Бога и на неговата Црква,
напиша таа.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Бенедикт е „бранител на традиционалните христијански вредности“.
„Бенедикт Шеснаесетти беше еминентен, религиозен и државник, убеден бранител на традиционалните христијански вредности“,
напиша тој во пораката со сочувство до папата Франциско, што ја пренесе Кремљ.
Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, рече дека „за време на папството на Бенедикт XVI, односот меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква значително се разви во духот на братската соработка и желбата за интеракција за тоа како да се надминат понекогаш болното наследство од минатото“.