Пожарот во фабриката „Треска“ кој предизвика црн, густ чад во центарот на Скопје, се случил во магацин во кругот на поранешната фабрика. Огнот зафатил и пластични материјали кои го предизвикуваат чадот.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
Противпожарни екипи со возила се на терен и го гасат огнот.
Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.