Пред одржувањето на состанокот Заев, Вучиќ и Рама со отворено писмо ги поканија соседните земји од регионот да ѝ се придружат на иницијативата
Денеска и утре во Тирана ќе се одржи средба на иницијативата „Отворен Балкан“, на која е најавено учество на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама. На оваа средба, меѓу другото, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.
Пред одржувањето на состанокот Заев, Вучиќ и Рама со отворено писмо ги поканија соседните земји од регионот да ѝ се придружат на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Крајно време е сите народи и луѓе во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина. Таа која нуди стабилност, мир и подобар животен стандард за сите, се вели во писмото на „Отворен Балкан“,
се наведува во писмото.
По два состанци, на кои присуствуваше вицепремиерот Никола Димитров, на ово состанок во Тирана ќе присуствува премиерт Заев, кој за оваа недела најави дека ќе поднесе оставка од функцијата.
Веднаш по веста за состанокот, поранешниот претседател и експремиер, Сали Бериша, повика на национални протести, кои, како што изјави, се први во рамките на „револуцијата“ и имаат две главни цели: Против „Отворен Балкан“ и против националната кражба, односно, според него, против обидите на Рама и на Вучиќ за поделба на Косово.
Гостувајќи во телевизиска емисија тој го повтори предупредувањето до Вучиќ да не помислува да дојде во Тирана, затоа што ќе има полни улици и плоштади против него, што го кажа и на Националното собрание на 11 декември.
„На 20 декември народот е на протест. Завршува непријателското антиалбанско сценарио на ’Отворен Балкан’, што е замена за Берлинскиот процес со она на Путин. Предупредив дека ќе има национални протести’,
рече Бериша, кој неодамна предизвика смена на челното место во неговата Демократска партија на Албанија, а откако САД го прогласија за „персона нон грата“.
