Веста за разговорот на Рама и Блинкен ја соопшти американската амбасада во Тирана, од каде што посочија дека Блинкен ги осудил кибернападите врз Албанија и ја истакнал важноста на соработката меѓу двете земји, како НАТО-сојузнички за регионалната безбедност
Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран два месеца по кибернападите на веб-страниците на албанската влада, за што Рама го обвини Иран. Пред три дена, пак, албанскиот премиер информира дека земјата повторно била мета на кибернапад од Иран, овој пат на системот на граничните премини
Албанскиот премиер Еди Рама вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, откако Албанија повторно го обвини Иран за кибернападот на 9 септември врз албанските гранични контролни системи, што уследи по кибернападите врз албанските владините системи во јули годинава.
Веста за разговорот на Рама и Блинкен ја соопшти американската амбасада во Тирана, од каде што посочија дека Блинкен ги осудил кибернападите врз Албанија и ја истакнал важноста на соработката меѓу двете земји, како НАТО-сојузнички за регионалната безбедност.
„Секретарот Блинкен го осуди непромислениот кибернапад на 9 септември против системите за контрола на границата на Албанија, кој уследи по кибернападот на Иран врз Албанија на 15 јули. Секретарот ја истакна важноста на американско-албанската соработка како сојузници на НАТО за регионалната безбедност“,
се наведува во соопштението на американската амбасада во Тирана.
Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран два месеца по кибернападите на веб-страниците на албанската влада, за што Рама го обвини Иран.
Пред три дена, пак, албанскиот премиер Рама информира дека земјата повторно била мета на кибернапад од Иран, овој пат на системот на граничните премини.