Првата доза на вакцина против ковид-19 во Србија ја примиле 1 435 000 лица, а ревакцинирани се вкупно 1 017 000, соопшти државниот секретар на српското министерство за здравство, Мирсад Џерлак.
Србија очекува во април да добие и милионски дози од вакцините на „Фајзер“, „Спутник В“, „Синофарм“, како и вакцини преку ковакс-системот, додаве Џерлек во изјава за РТС.
Тој најави отворање на дополнителни вакцинални пунктови во 50 градови низ Србија и ги повика граѓаните да се пријават за вакцинација.
„Важна е брзината и масовноста на вакцинацијата. Не треба да чекаме ако сакаме ова лето да одиме на одмор и да се вратиме на нормалниот живот“,
рече тој.