Во последните 24 часа во Србија се потврдени 304 новозаразени пациенти од 3 462 тестирани лица. Со тоа, вкупната бројка на заразени се искачи на 5 994.
Како што беше соопштено на прес-конференција на здравствените власти, во изминатото деноноќие починале 7 лица, а вкупниот број на жртви до почетокот на епидемијата е 117.
Стапката на смртност изнесува 1,95 проценти.
Бројот на оздравени пациенти, пак, е 637.