Во последните 24 часа во Србија се регистрирани нови 12 смртни случаи како последица на заразата со ковид-19. Со нив, вкупниот број на починати изнесува 405 лица.
Во истиот период, регистрирани се и нови 279 заразени. Вкупниот број дијагностицирани со новиот коронавирус во Србија досега изнесува 18 639.
На респиратор во моментов се 154 лица.
Премиерка Ана Брнабиќ на прес-конференција оцени дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени сметајќи дека тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде што е прогласена вонредна состојба.
Таа изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогласена или не вонредна состојба.