Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред
Шеесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во нејзиниот семеен дом во скопската населба Аеродром.

Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот вчера во 17:12 часот бил пријавен во СВР Скопје.
соопшти МВР.
„Се работи за Ј.Ц.(61) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред“,
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.