Во земјава има вкупно 11 727 активни случаи на ковид-19 од кои најголем број 7 081 се во Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје што беа објавени вчера, при направени 3 996 тестови, регистрирани се 1 348 нови случаи, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупниот број нови случаи, регистрирани се 196 реинфекции.
Продолжуваат апелите на надлежните дека вакцинацијата останува најдобра заштита од ковид-19, особено од хоспитализација и смрт.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 284 875, бројот на оздравени пациенти е 264 443, а на починати 8 705.