Полицијата навела дека нападот од автомобилот траел само неколку секунди и дека напаѓачите пукале во случајни минувачи
Најмалку 14 лица се повредени, меѓу кои три деца, во масовно пукање во Чикаго на Ноќта на вештерките, јавува Танјуг.
Полицијата во Чикаго потврди дека меѓу повредените има три деца на возраст од 3, 11 и 13 години, пренесува Фокс њуз.
Покрај повредените во престрелката, властите соопштија дека едно лице било удрено од автомобил.
Некои од повредените се во критична состојба.
Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека снимките од безбедносните камери покажуваат најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца напаѓачи отвориле оган врз група луѓе кои стоеле на раскрсницата.
Полицијата навела дека нападот од автомобилот траел само неколку секунди и дека напаѓачите пукале во случајни минувачи.
Засега никој не е уапсен, а не е јасен мотивот за нападот.
Фото: Илустрација / EPA/TANNEN MAURY