Третата рунда преговори меѓу Украина и Русија најверојатно ќе се одржи во понеделник, најави денеска членот на украинската делегација Дејвид Арахами.
Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак претходно денеска изјави дека третата рунда руско-украински преговори може да се одржи в сабота или недела.
Москва се уште не ги коментира овие наводи.
Претходните две рунди не ставија крај на конфликтот, но страните се договорија да воспостават „хуманитарни коридори“ за евакуација на цивилите.
Евакуацијата на цивилите од двата опколени града во југоисточна Украина, Мариупол и Волновак, денеска беше прекината, а Москва и Киев меѓусебно се обвинија дека го прекршиле договорот за краток прекин на огнот поради евакуацијата.