Во текот на изминатото деноноќие полицијата евидентирала дека 72 лица не ја почитувале забраната за движење во полицискиот час. Од нив биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе се поведе постапка.
„Исто така, според статистичките податоци, на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација“,
соопштија од полицијата.
Полицијата вршела контрола и кај оние што веќе се во изолација и самоизолација, но не евидентирала ниту едно лице кое не ги почитувало овие мерки.