Одговарајќи на новинарско прашање, Шаќири истакна дека за образовниот процес да нема недостаток, ги доставиле подготвителните материјали за прво, второ, четврто и петто одделение
Во најбрзо можно време ќе почнат да се печатат учебниците кои се одобрени од Националниот совет и се очекува тие да бидат готови во тековниот месец или на почетокот на ноември, најави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. Гледам позитивна енергија во ова. Советот кој го најавив каде се вклучуваат многу институции е за да ги поврземе институциите, да ги имаме податоците, да знаеме како можеме да го решиме тој проблем кој е долгогодишен“,
рече Шаќири по отворањето на тркалезната маса „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“.
Одговарајќи на новинарско прашање, Шаќири истакна дека за образовниот процес да нема недостаток ги доставиле подготвителните материјали за прво, второ, четврто и петто одделение.