Градоначалникот на Москва Сергеј Собијанин изјави дека скоро 2 000 луѓе се хоспитализираат секојдневно
Градските власти во Москва објавија дека 144 лица починале од коронавирус во главниот град на Русија во последните 24 часа, што е најголемиот број смртни случаи од вирусот од почетокот на епидемијата.
Голем број смртни случаи се регистрирани и во Санкт Петербург, каде во последните 24 часа починаа 107 лица.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собијанин изјави дека скоро 2 000 луѓе се хоспитализираат секојдневно.
Околу 5,4 милиони луѓе се заразени во Русија од почетокот на епидемијата, од кои 133 280 починале.
Последниве недели се зголеми бројот на лица заразени со делта-сојот.