Во Куманово се регистрирани 14 прекршувања на полицискиот час, кој почна во петокот вечерта, при што се приведени 12 лица.
На подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење во периодот од 21:00 часот на 3 април до 7 часот утрово, информира МВР.
Оттаму нагласуваат дека се преземени мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.
„Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 5 часот на 6 април (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно со членовите 205 и 206 од Кривичниот законик“,
порачуваат од МВР.